ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА Поради повреда го загуби видот

фото: инстаграм

Репрезентативецот на Велика Британија во хокеј на трева, Семуел Ворд мораше предвреме да ја заврши кариерата откако го загуби видот на левото око.

Ворд доби силен удар во лицето за време на квлаификацискиот турнир за Олимписките игри помеѓу неговата репрезентација и Малезија кој се играше на 3 ноември. Ворд во победата од 3:0 постигна два гола ѝ и помогна на својата репрезентација да обезбеди настап на Олимписките игри во Токио 2020 година, но притоа доби повреда на окото и фрактура на лицето. ефектот од тешките повреди е губење на видот на левото око.

Тој на својот Инстаграм профил објави вознемирувачки фотографии по извршените оперативни зафати.

Поради тежината на повредите, лекарите му препорачаа на Ворд да ја прекине кариерата за да не ризикува влошување на состојбата.
За време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот