Вознемиреност во Градот на светлината: Француски борбен авион предизвика силна детонација при прелет над Париз

Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Детонацијата што денеска се слушна над Париз и околината и притоа вознемири дел од населението била предизвикана од борбен авион, информира денеска француското воено воздухопловство од каде објаснија дека авион од типот „Рафал” го пробил звучниот ѕид за да му укаже помош на друг авион што загубил контакт со Контролата на летање.

Полициската префектура во Париз на Твитер објасни дека станува збор за борбен авион кој летал над звучната бариера за време на прелет над главниот град. Префектурата повика на смиреност и ги покани Парижаните да не ги оптоваруваат телефонските линии за итни случаи.

– Во рамки на мисијата за пресретнување, авионот ја проби звучната бариера, изјави министерката за вооружени сили Флоренс Парли, кој во моментот е во посета на летонската престолнина, Рига.

Воено воздухопловство на Франција потврди дека авион од типот „Рафал” од базата Сен Дизие „имал вистинска интервенција за да се обезбеди помош на авион при губење контакт”.

– Авионот „Фалкон 50″ во источна Франција загуби контакт со цивилната Контрола на летање. Оваа абнормална ситуација предизвика полетување на „Рафал“ во улога на воздушна полиција, објасни полковникот Стефан Спет, портпарол на француското воено воздухопловство

Детонацијата посебно ги вознемири и изненади играчите на тенискиот гренд слем Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот