Возиш неодговорно, стјуардите го казнија Леклер!

фото: f1.com

Возачот на Ферари, Шарл Леклер доби казна од 15 секунди кон неговото време после судирот со Макс Верстапен (Ред Бул) во првите метри на „Сузука“.

Холанѓанецот беше во можност да го искористи послабиот старт на својот конкурент и го престигна скоро со целата должина на болидот пред да влезе во вториот завој.

Пилотот од Монако пристапи агресивно во обид да ја врати својата позиција, а според неговите зборови обидот довел до удар во болидот на Ред Бул на Верстапен кој на крајот се повлече од трката.

Стјуардите на „Сузука” одлучија да додадат пет секунди на резултатот на Леклер заради самиот судир и уште 10 секунди, поради фактот што тој продолжи да го „вози автомобилот во небезбедна состојба”, па така во конечниот пласман ја освои седмата позиција.

Верстапен после трката го обвини Леклер за неодговорно возење:

– Шарл одеднаш се удри во задниот дел од мојот автомобил. Од моја гледна точка, не мислам дека би направил нешто поразлично во тој случај. Мојот автомобил беше целосно уништен, а од другата страна, автомобилот имаше само мали дупки. Ми се допаѓаат тешките трки, но ова не беше баш таква. Тоа беше неодговорно возење – рече Верстапен по Гран-при на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот