Возило удрило во пешак и во два паркирани автомобили

сообраќајка
Илустрација

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил. Од МВР информираат дека настанот се случил вчера на улицата „Исеин Акиоски“ во Кичево. Патничко возило „форд ескорд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во медицинскиот центар воКичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот