Возило удри во ѕид пред бензинска пумпа до магистралата А3 кај Делчево

Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18.15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот