Возило удри во повозрасна жена во населба Горица во Кичево

Македонска полиција / Фото: МИА

Вчера околу 10.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот Кичево- Охрид, на излезот од градот во населба „Горица”, патничко возило марка БМВ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.С. (51) удрило во постара жена со исти иницијали.

Портпаролот Стефан Димоски посочи дека во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Увидна екипа на ОВР Кичево излегла на местото на настанот а причините за несреќата и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот