Возило со мигранти се запалило по судир со камион – Слободен печат
Хроника

Возило со мигранти се запалило по судир со камион

Возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП” удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Во несреќата, како што потврдуваат од полицијата, има повредени лица.

Моментално на местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и полицијата, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close