Возило покоси повеќе луѓе кои оддаваа почит на загинатите во Нови Сад

Фото: N1

Во белградската улица Узун Миркова, денеска се случи инцидент за време на петнаесетминутната акција „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад. Имено, автомобилот удрил во група учесници кои стоеле на пешачкиот премин. Според очевидци, автомобилот го управувал 60-годишен маж, кој со полн гас соборил шест лица. Повредените со возило на брза помош веднаш биле пренесени во болница.

„Застанавме на пешачкиот премин, независно од учениците. Од правец на Студентскиот плоштад дојде возило управувано од постар човек. Бидејќи не можеше да помине удри во неколку лица кои беа на пешачкиот премин, изјави еден очевидец

„Беше страшна сцена, луѓето беа тешко повредени. Повредениот најверојатно има скршеница на раката, а за другите не знам. Со возило на брза помош биле однесени. Ова е страшно“, наведува очевидецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот