Возило на министерот за култура Хусни Исмаили учествувало во сообраќајка кај Желино

Без повредени лица, но со материјална штета поминала сообраќајна незгода попладнево на автопатот Тетово – Скопје во која неофицијално во едно од возилата патувал министерот за култура Хусни Исмаили кој живее во Тетово. Сообраќајката се случила околу 16.30 часот во близина на наплатната рампа кај Желино.

– Се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „пасат” во кое имало две лица и камион-влекач управуван од Е.К (55) од Гостивар. „Пасатот” е со скопски регистарски таблички, сопственост на Владата, а камионот со гостиварски ознаки. Немало повредени, но е предизвикана материјална штета, информираат од СВР Тетово.

По сообраќајниот инцидент започнат е увид од  полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот