Возило на автошкола удри во воз

Вчера на железнички премин во Битола, на пат кој се користи за пристап до ниви крај полигонот за обука и полагање на возачи се случила сообраќајка во која за среќа нема повредени.

Возило на автошкола удрило во воз при што возилото е делумно оштетено. Од локалната власт апелираат до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари – Карамани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот