Возило излета од регионалниот пат Скопје–Тетово, повредени пет лица од кои две малолетни

Фото: Илустрација

На 02.08.2021 околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред крстосницата со локалниот пат кој води кон с.Бојане, скопско, патничко возило „бмв“, со англиска национална ознака, управувано од Е.Б.(32) од Англија, излетало од патот.

Во незгодата, сопатниците И.Б.(66) од с.Палиград, скопско, и С.Ч.(27) од с.Рашче, скопско, двајцата со живеалиште во Англија, се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници од Англија, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот