Возило излета од автопат, возачот тешко повреден

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Триесет и петгодишниот П.Г. Од Скопје е повреден во сообраќајка. Незгодата се случила синоќа околу 22 часот на автопатот Скопје – Куманово, во близина на наплатна станица „Миладиновци“. Г.П. според полицијата возел „ауди“ со бугарска таблички. Од засега непознати причини тој изгубил контрола врз возилото и излетал од коловозот. Во незгодната здобил тешки повреди и со возило на Итна помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот