Возење велосипед низ Скопје за безбедна велосипедска инфрастуктура

 Иницијативата НаТочак денеска, по 85-ти пат, со почеток во 17.30 од Плоштад Македонија, организира возење на велосипеди низ скопските улици, за да ги потсети властите дека на велосипедистите им е потребна солидна инфрастуктура.

Иницијаторите информираат дека возењето велосипеди е дел од настанот „Критична маса”. Под слоганот „Приказната продолжува. Се гледаме на улиците!”, иницијативата НаТочак потсетува дека велосипедистите се дел од скопската приказна и дека им е потребна безбедна велосипедска инфрастуктура.

Иницијатива НаТочак вели дека возењето велосипеди ќе продолжи сè додека не им се исполнат условите за безбедно возење велосипеди во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот