Министерството за внатрешни работи вчера изрече 113 мерки во општина Центар во рамките на своите засилени акциски контроли во областа на сообраќајот.
Од нив 17 се за возење без дозвола, 9 за нерегистрирани возила и останати прекршоци.
Од МВР додаваат дека и во наредните денови продолжуваат со засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.