Возеле без дозвола и без регистрација, МВР казни 192 возачи во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи вчера во засилени акциски контроли од областа на сообраќајот казнило 192 возачи во општината Ѓорче Петров. Од нив 28 возеле без дозвола, 17 имале технички неисправни возила без регистрација, а 11 моторциклисти направиле прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови поради што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот