Воздухот во Софија е опасен за здравјето на луѓето

Бугарската престолнина Софија е на трето место во светот според загадувањето на воздухот, покажуваат податоците на светските агенции за мерење на квалитетот на воздухот. Според Европската агенција за животна средина, воздухот во Софија е со најголемо загадување и е реално опасен за човековото здравје.

Позагаден воздух дишат само во индискиот град Њу Делхи и пакистанскиот Лахор, пренесува БГНЕС.

Податоците на европските агенции покажуваат дека најголемо загадување во Софија се случува во текот на ноќта, а пикот бил вечерта од недела кон понеделник. Податоците покажуваат дека иста или слична ситуација е евидентирана и во саботата, неделата, понеделникот и вчера, а загадувањето е големо и денеска.

Од Европската агенција за животна средина го оквалификуваа воздухот во Софија како „многу незадрав”, при што индексот на загадување е обоен во темновиолетово – што е највисок степен на загадување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот