ВОЗДРЖЕТЕ СЕ: Вакви пораки НИКОГАШ не праќајте на поранешната љубов

врска раскинување

Раскинувањата се тешки, без разлика која и да била причината и кој остава, а кој е оставен. Ако дозволите моменталните емоции да ве раководат, тоа може да биде многу погубно.

Но, кога веќе е јасно дека дошол крај на љубовта, потребно е и двајцата да поработат на меѓусебниот однос и да ги дефинитаат границите.

Ова се најчестите пораки кои не се потребни ни на оној кој ги праќа, ниту пак на оној кој ги прима:

„Ми недостасуваш“

Пред да стиснете „прати“, размислете што ви недостига навистина. Дали тоа е личноста или навиката за врската. Дури и да дојде до привремено смирување меѓу двајцата, следното раскинување може да биде уште поболно. Затоа добро размислете дали сакате да ја пратите навистина таа порака.

Иницирање караница

Нормално е да сте лути, но размислете како вие би реагирале да добиете порака со напад и навреда. Не е воопшто пријатно, зарем не? Исто ќе се чувствува и другата страна. Запомнете, никогаш не испраќајте содржина која натаму во животот може да биде искористена против вас.

„Еј, здраво“

Пред да пратите порака сетете се само на причините зошто веќе не сте заедно. Нормално е да ви недостигаат некои делови од врската, но ако веќе не сте заедно, очигледно е дека нема потреба од ваквата порака.

„Имаш ли некој/а?“

Ова едноставно, не е ваша работа. Колку и да ве испровоцирала некоја објава на социјалните мрежи, воздржете се и следете го и вие примерот на поранешната љубов и побарајте некој/а нов/а.

„Беше ужасен партнер“

Ако сакате раскинување без последици, ова е порака која во никој случај не смеете да ја пратите, ниту пак реченица која треба да ја изговорите. Сепак, поминавте одреден период заедно, а не сте биле глупави да не забележите ако некој е ужасен.

„Мора да разговараме“

Ако има реална причина за разговор обидете се да закажете средба, но бидете подготвени и на тоа да не наидете на истата желба од другата страна.

Трите најчудни сличности на партнерите во долга врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот