Возбудливо полуфинале на 100 метри, два рекорди и испаѓање на фаворитот за злато

Фото: EPA-EFE/ZSOLT CZEGLEDI

После трите полуфинални тројки познато е кој на крајот на денешниот ден ќе се бори за медалите на 100 метри.

Најинтересна беше последната полуфинална група во која беа остварени два рекорди на Летните олимписки игри во Токио.

Кинезот Су Бингтиан со 9,83 секунди постави азиски рекорд, а Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс со 9,84 секунди истрча најдобро време во историјата на европската атлетика. Џејкобс за две стотинки го урна рекордот на Португалецот Франсис Обиквелуа.

Изненадување е тоа што во финалето нема да учествува ниту еден атлетичар од Јамајка, а да потсетиме во Рио де Жанеиро пред пет години златото го освои Усеин Болт, најбрзиот човек на сите времиња после тој настан се пензионираше.

Со време од 10,00 Трејвон Бромел, фаворит за златниот медал, не успеа да обезбеди пласман во финалето.

Во возбудлив финиш заврши на третото место во својата квалификациска груоа. Оваа година истрча 100 метри за 9,77 секунди со што стана седмиот најбрз човек на сите времиња.

Светскиот рекорд на Болт е 9,58 секунди, а неговиот олимписки рекорд е 9,63. Финалисти на денешната трка на 100 метри во Токио се А. Симбине (Јужна Африка), М.Л. Џејкобс (Италија), Ж. Хјуз (Велика Британија), Ф. Кирли (САД), Б. Су (Кина), Р. Бејкер (САД), Е. Адегоке (Нигерија) и А. де Грас (Канада).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот