Возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ се пуштени од притвор

Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци
Превртен автобус на Дурмо-турс кај Ласкарци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Донесена е одлука предвремено да им се укине притворот на сопственикот и возачот на автобусот на „Дурмо турс“, одговорни за смртта на 16 патници кај Ласкарци пред два месеци.

Двајцата обвинети се испратени во куќен притвор, пренесе порталот Фактор.

На оваа одлука, инаку донесена пред два дена, реагираше Основното јавно обвинителство со жалба, сметајќи дека судијата нема право кога сака да одлучува за притвор кој се продолжува на секои 30 дена, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле истиот да биде продолжен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот