ВОЗАЧКА КУЛТУРА НА НАЈВИСОКО НИВО: Необичното правило на улиците во ГЕРМАНИЈА кое би ги излудело БАЛКАНЦИТЕ

Фото: Профимедиа

Германците се едни од најдисциплинираните луѓе на светот, а тоа го докажуваат додека се во своите автомобили, бидејќи секогаш и  точно и без искучок ги почитуваат сообраќајните правила, објавува „Експрес.хр“.

Имено, во Германија постои Reissverschlusssystem, или систем на затворање – закон кој вели дека при спојување на две коловозни ленти возачите мораат да се престројат на последната можна точка, по што би се споиле како запци на патент.

Овој систем на затворање на лентите, или поточно задоцнето престројување, на многумина можеби им звучи непродуктивно. Како ова правило да ги крши сите непишани правила на коловизите при кои возачите би требало да го чекаат својот ред и да го делат патот, бидејќи делува прилично безобразно некој да ви влетува од страна и да влезе во колоната пред сите.

Но тоа совршено функционира. Едноставно е ефикасно, колку и да ги збунува странците, па дури и постарите Германци кои имаат чувство дека некој сака да ги надмудри.

Оние кои не им дозволуваат на возчите од споредната коловозна лента да се престројат откако се поминати од друго возило, ризикуваат да добијат казна. Со оглед на тоа што ширум светот возачката култура налага да се престорите чим се доближите до главниот пат, траката од која доаѓате останува неискористена и празна.

Иако е потребно многу едукација на возачите за ова правило да започне да се спроведува на нашите простори (бидејќи не е корисно доколку сите не го почитуваат), би заштедило доста време во метежите и на патиштата во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот