Возачите на автобуси во Лондон најавија штрајк кога и вработените во метрото и железницата

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Повеќе од 1600 возачи на автобуси во Лондон ќе штрајкуваат во август (19 и 20-ти) поради спор околу платите, а нивниот штрајк ќе се совпадне со штрајкот на вработените во лондонското метро и железницата, јави ДПА.

Синдикатот рече дека штрајкот е резултат на тоа што компанијата понудила зголемување на платите за 3,6 отсто во 2022 година и 4,2 отсто следната година, што според нив е недоволно бидејќи тоа е реално намалување на платите поради зголемената стапка на инфлација.

Работниците се вработени во Лондон Јунајтед, подружница на француската компанија РАТП.

„Мајката-компанија RATP е неверојатно богата и може да си дозволи да им плати на нашите членови пристојно зголемување на платите“, изјави генералниот секретар на Јунајтед, Шерон Греам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот