Возач загинал ноќеска близу Прилеп, откако возилото со кое управувал излетало од пат

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Дваесет и седумгодишниот Б.К. од Прилеп, загинал ноќеска, на регионалниот пат Прилеп – село Ропотово, откако возилото „пежо 307″ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, излетало од коловозот и се превртело, а повредени се уште две лица сопатници во автомобилот.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката која се случила 35 минути по полноќ, Б.К. починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот