Возач од Радовиш загина во сообраќајка

Синоќа околу 21.25 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, во близина на крстосница за село Кучичино, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген поло“ управуван од С.З.(71) од Радовиш и „форд фокус“ управувано од Н.Р.(29) од Штип.

С.З. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна помош, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во здравствена установа во Кочани. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот