Возач на мопед повреден во сообраќајка во Неготино

Македонска полиција / Фото: МИА

Возач на мопед бил повреден синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.

Како што потврдија за МИА од МВР, несреќата се случила во 21 часот на улицата „Партизанска”.

-Сообраќајна незгода се случила помеѓу мопед со странски регистарски ознаки, управуван од педесетгодишник од Неготино и патничко возило „опел вектра”, со велешки регистарски ознаки, управувано од 54 годишен неготинец. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициски станица Неготино, соопштија од МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот