Возач на Ламборџини ФРЛИЛ ѓубре од прозор – Потегот на еден велосипедист го НАУЧИЛ на добра лекција (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Еден велосипедист одлучил да ја казни ароганцијата на возач на Ламборџини.

Како што може да се види на снимката, возачот на луксузниот автомобил низ прозор фрлил пластичен сад.

Тогаш наишол велосипедист кој го земал ѓубрето од земја и го фрлил назад во возилото.

Со тоа возачот научил една важна лекција, но на Твитер се повела дебата – Дали чинот на велосипедистот бил оправдан?

Еден корисник на Твитер смета дека вакво прашање е беспотребно.

„Момчето на велосипедот го направи тоа што сите мораме да го правиме“, напишал тој.

Имало и такви кои сметаат дека постапката на возачот е „болест која е смртоносна“, а некои го нарекле велосипедистот херој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот