Возач на „голф“ повреден кај Битола - Слободен печат
НекатегоризираноХроника

Возач на „голф“ повреден кај Битола

Повредената М.Е.(35) од Неготино е пренесена во клиничката болница во Битола.

Вчера во 16.30 часот на Кукуречанска крстосница кај Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу влекач „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, со полуприколка управуван од М.Љ.50) од Богданци, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(63) од демирхисарското село Вирово и „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ц.Е.(55) од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „голфот“, М.Е.(35) од Неготино, која била пренесена во клиничката болница во Битола, додека со полесни повреди се здобил возачот Д.Ш. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close