Возач на автобус обвинет за несреќата на автопатот Велес-Скопје

Основното јавно обвинителство од Велес поднесе обвинение против 50-годишен маж од Скопје, кој е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

На 20 август 2017 година обвинетиот управувал со автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на компанијата „Бус травел“ – Скопје, движејќи се по автопатот А1, делница Велес – Скопје, по средната коловозна лента.

Околу 18:50 часот дошол до местото викано „Пуста Кула“, на околу 4,8 километри по наплатната станица „Отовица“ и притоа, спротивно на одредбата од членот 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, не се движел по средината од коловозната лента на која се наоѓал и не ја држел страната и правецот на движење.

Во тој момент започнал да се движи во лево, преминувајќи на левата коловозна лента, по што излегол од коловозот и удрил во заштитната метална ограда, се одвоил од неа и продолжил да се движи по нерамен терен, се превртел на левата бочна страна и застанал на земјената површина.

Како последица на сообраќајната несреќа, 14 патници се здобиле со телесни повреди, 13 патници се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца од тешко повредените подоцна починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот