Воз удри во автомобил

Фото: МИА

Во незгодата, со тешки повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во општата болница во Куманово.

Железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од село Оризаре, се случила ноќеска, еден час по полноќ.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај село Лопате.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот