Воз удри во автомобил во Битола, две мали деца тешко повредени

Амбулантно возило / Фото: МИА

Две деца на возраст од 2 и 5 години се потешко повредени а нивната мајка минала со полесни повреди откако рано утрово на нив налетал воз. Тие се здобиле со тешки телесни повреди кога на нив налетала локомотива додека нивната мајка со автомобилот ја минувала железничката пруга. 

Едно од децата е во потешка состојба и е транспортирано на скопските клиники, додека другото е згрижено во битолската болница.

Очевидци велат дека рано утрово околу 8 часот локомотива која вршела сервис на железничката пруга удрила во возилото и го влечела неколку метри по шините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот