Воз удри во автомобил кај Велес, едно лице е тешко повредено

Полиција/ фото: МВР

На 18.07.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес.

Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот