Воз со ученици излета од шините на последниот училишен ден во Австрија

Железничка станица во Австрија /Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Денеска е последниот училишен ден од школската година во Австрија,  но за жал се случи трагичен настан, откако воз со десетици деца и тинејџери излета од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.

Според првиот човек на регионалната служба за спасување, Антон Шилчер, во железничката несреќа 17 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагон од регионалниот воз излета од шините и прелета околу четири метри преку насипот на реката, за странично да запре во Мура, јави ОРФ.

Шилчер додаде, дека на шините, по невремето во тој регион, имало корења или нешто слично.

Порпаролката на Црвениот крст за ДПА изјави дека повеќе од 50 патници биле деца и млади, кои патувале за местото Тамсвег. Овој град е важен училишен центар за регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот