Воз прегази момче кај Велес

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии” прегазил 21-годишно момче.

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии” прегазил 21-годишно момче, потврдуваат за МИА од СВР Велес.

Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

-Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост, информираат од СВР Велес.

Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот