Воведете рутина кај своето дете за почеток на школската година

Враќањето во училиште после летниот распуст за повеќето ученици, но и за родителите бара прилагодување. Тој период може да е стресен, па е време за воведување на рутина. Прва рутина е да се оди на спиење во правилно време, која во лето знае често да биде занемарена.

Кај помладите ученици, според експертите, потребни се околу 10 часа спиење, а за да се стекне навика треба да одат на спиење секоја вечер барем во приближно време.

Смалувајте го времето во кое децата одат да спијат секој ден за 10 до 15 минути, се додека не се навикнат на одат на време за одмарање. Добра припрема за почетокот на новата школска година ќе биде и заедничко купување на школскиот прибор. Нови боички, шарени бележници и фломастери сигурно ќе го развеселат детето и ќе го мотивираат за училиште.

Детето ќе ви биде благодарно и ако поканите, пред почеток на училиштето, неколку другари од класот за играње. Тоа секако ќе им го олесни враќањето во школската реалност која следи.

Разговарајте со детето, бидејќи секое од нив различно ги доживува промените. Нервоза или страв од училиштето ќе се намали ако родителите имаат позитивен став за почетокот на училишната година. Потсетете ги децата на добрите страни на враќање во школските клупи, како учење на нови работи, игри со пријателите за време на одморот и после училиште, како и нови вештини.

Потикнете ја нивната самостојност и припремете ги за нови предизвици. Сами нека го средат своето катче за учење и нека проверат што им недостасува.

И за крај, секако не заборавајте да им нагласите колку сте горди на нив и колку ги сакате и посакајте им многу успех во новата училишна година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот