Воведен е бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадениот воздух

ЈСП Скопје информира дека на сила е одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани, како една од пакетот итни мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.

Бесплатниот превоз, како што се наведува во соопштението од ЈСП, ќе важи сѐ до наредните препораки.

Градот денеска објави низа „предупредувања и препораки“ поради загадувањето на воздухот, кое деновиве достигна алармантни нивоа.

Меѓу мерките од Градот, покрај бесплатниот јавен превоз се почестото миење на улиците, засилени инспекциски контроли, како и препорака за откажување или одложување на настани организирани на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот