Воведен е 24-часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на Општина Гази Баба

Фото: Општина Гази Баба

Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила, информираат од Општина Гази Баба.

-Воведен е 24 часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на општина Гази Баба. Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила. Овој систем произлезе како барање на граѓаните кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила.

Нема веќе користење на службените возила за приватни цели. На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред општината.

Градоначалникот и општинската администрација се во општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите – дециден е градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот