Восочната фигура на Канје Вест отстранета од музејот „Мадам Тисо“

Канје Вест и Ким Кардашијан
Восочните фигури на Канје Вест и Ким Кардашијан во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон / Фото: Photoshot / Avalon / Profimedia

Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон одлучи да ја отстрани восочната фигура на раперот Канје Вест и со тоа стана последната институција во низа која ја прекина соработката со хип-хоп артистот по неговите антисемитски ставови, објави „Гардијан“.

Познатиот музеј ја премести фигурата на раперот во архивска просторија, симболично претставувајќи го неговиот општествен и кариерен пад во последните неколку дена.

„Фигурата на Канје е повлечена од музејот во нашата архива. Секој треба да го заслужи своето место во ‘Мадам Тисо’, а ние ги слушаме нашите посетители и нивните желби во врска со тоа кого очекуваат да го видат во музејот“, изјави портпаролот на „Мадам Тисо“ во Лондон.

Восочната фигура на Канје Вест, заедно со онаа на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, беше поставена во музејот во 2015 година.

Фото: Jonathan Hordle / Shutterstock Editorial / Profimedia

Престижното списание „Форбс“ објави дека раперот повеќе не е милијардер откако германскиот производител на спортска облека „Адидас“ ја прекина соработката со него. Според нивната пресметка, договорот на Вест со „Адидас“ изнесува околу 1,5 милијарди долари и дека сега, без тој договор, неговата нето вредност ќе падне на 400 милиони долари.

„’Адидас’ не толерира антисемитизам или која било друга форма на говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки на Канје беа неприфатливи, полни со омраза и ги нарушуваат вредностите на компанијата за почитување на различностите и меѓусебното почитување“, се вели во официјалното соопштение на „Адидас“.

Како потсетување, и модната куќа „Баленсијага“ го раскина договорот со контроверзниот рапер поради неговите проблематични ставови, изнесени на социјалните мрежи.

Исто така, агенцијата за таленти Си-еј-еј повеќе не го застапува Вест, а филмското студио Ем-ер-си одлучи да не го објави неговиот документарец.

ФОТО+ВИДЕО | Сите се загрижени за Кање Вест: Доживеал нервен слом и има расистички ставови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот