Воска Спорт во дербито на Втората лига го совлада Пелистер

фото: F.C Voska Sport

Во дербито од 21 коло во Втората македонска фудбалска лига составот на Воска Спорт со резултат 2:1 триумфираше над Пелистер.

Головите за Воска Спорт ги реализираше Изаир Емини во 10 и 77 минута од средбата.

А единствениот погодок за битолската екипа успеа да го постигне Борче Маневски во самиот финиш од мечот (90+3`).

На табелата води Вардар со 52 бодови, два повеќе од Воска Спорт, трет е Гостивар со 48, а на четвртата позиција е Пелистер со 43.

Во следното коло Воска Спорт ќе гостува кај Слога Виница на 1 април, а истиот ден Пелистер е домаќин на Детонит Плачковица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот