Вооружени разбојници ограбиле пошта во Мала Речица

Фото: mia.mk

Двајца разбојници, кои имале огнено оружје, претпладнево ја ограбиле експозитурата на Пошта во тетовското село Мала Речица, информираат од МВР.

„Денеска (11.04.2022) околу 10.15 часот во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa” пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“,

Поштата во Мала Речица и поштенските возила кои пренесуваа пари за експозитурата и во минатото беа мета на вооружени грабежи. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот