ВООРУЖЕН НАПАД ВРЗ ГРЧКИ ТАНКЕР ВО КАМЕРУН: Киднапирани осум членови на екипажот

Како што соопштуваат од Министерството за поморство на Грција, инцидентот се случил рано утрово, киднапираните осум од 28 членови на екипажот се петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец.

Врз грчкиот танкерот „Happy Lady”, закотвен на пристаништето во Камерун, бил извршен вооружен напад и киднапирани осум членови на екипажот, а еден од нив бил повреден.

Како што соопштуваат од Министерството за поморство на Грција, инцидентот се случил рано утрово, киднапираните осум од 28 членови на екипажот се петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец, а за време на инцидентот бил повреден еден од грчките државјани.

За нападот, веднаш било известено Министерството за надворешни работи на Грција, а министерот за поморство Јанис Плакиотакис дал наредба на надлежните служби во министерството, во соработка со МНР и компанијата во чија сопственост е танкерот, внимателно да го следат случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот