Вооружен напад во затвор во Нигерија: Ослободени над 250 затвореници, десет мртви

Протести во Нигерија
Протести во Нигерија / Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Вооружени напаѓачи ослободија 262 затвореници за време на рација во затвор во нигерискиот град Џос, соопштија официјални лица.

Нападот почнал во неделата вечерта кога напаѓачите пукале во чуварите, а во размената на оган загинале еден чувар и девет затвореници, потврдија од управата на затворот, потсетувајќи дека ова е четврти ваков напад годинава, пренесува Ројтерс.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападот во главниот град во сојузната држава Плато, кој се наоѓа на истокот на централна Нигерија, јужно од земјите каде што вршат рации на банди и исламски екстремисти.

„Некои од напаѓачите и вкупно 262 затвореници избегаа пред да пристигнат безбедносните служби“, се вели во официјалното соопштение, во кое се додава дека десет затвореници се заробени.

Минатиот месец вооружени напаѓачи нападнаа затвор во државата Ојо, западно од државата Плато, и ослободија повеќе од 800 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот