Вооружен напад во Мексико, единаесет лица загинаа

Фото: Миа

Единаесет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а ранети се една жена и дете во вооружен напад во западен Мексико.

Обвинителството соопшти дека полицијата пронашла десет тела на мажи на патеката пред една куќа, а внатре е пронајдено телото на момчето, додека жена и друго момче се префрлени во болница.

Во соопштението се наведува дека убиствата ги извршиле неидентификувани напаѓачи кои отвориле оган од возило во движење во државата Халиско, каде што е активен картелот Нова генерација, една од најнасилните и најмоќните криминални организации во Мексико.

Во масовна гробница во Халиско беа пронајдени повеќе тела отколку во која било друга мексиканска држава.

Овој картел води војна со отцепената фракција во пошироката област на Гвадалахара. На почетокот на јануари, полицијата откри 18 пластични кеси полни со човечки тела на периферијата на Гвадалахара, а минатиот ноември, 113 тела беа пронајдени во скриена масовна гробница во близина на градот Ел Салто.

Во текот на 2020 година, полицијата открила вкупно 189 човечки тела во и околу градот Ел Салто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот