Вооружен и опасен: Полицијата три дена трага по германски Рамбо кој разоружа четворица полицајци и побегна во шума (ВИДЕО)

Тревогата почна во неделата кога локални жители во Опенау забележаа маж во камуфлажна облека, вооружен со лак и стрела.

Германската полиција ја продолжи потрагата по Германецот Ив Рауш кој во неделата разоружа четворица полицајци и побегна во шумата во близна на Опенау. Не само што е вооружен со автоматското оружје од полицијата, тој со себе има и лак и стрела, па медиумите со право го нарекоа германски Рамбо.

По него трагаат над 100 припадници на силите на редот.

„На почетокот соработуваше со нив, меѓутоа извлече пиштол од никаде. Го впери во еден од полицајците и прилично ги изненади. Полицајците немаа каде, па го предадоа оружјето за да избегнат поголема катастрофа, јавуваат германските медиуми.

По Рауш трагаат и кучиња, но областа е многу голема и неможе лесно да го најдат. Се претпоставува дека добро го познава теренот. Граѓаните се повикани да не излегуваат од своите домови.

„Кучињата се уморуваат по два часа трагање, а освен тоа, им пречат и другите животни во шумата“, рече портпаролот на полицијата.

Инаку, тревогата почна во неделата кога локални жители во Опенау забележаа маж во камуфлажна облека, вооружен со лак и стрела.

Билд наведува дека Рауш живеел три години во близина пред да биде исфрлен од куќата бидејќи не плаќал кирија. Работел на железница, како и на голф терен, рече неговиот поранешен сосед и го опиша како „тешка личност“.

Различно оружје и канистери со бензин се пронајдени во неговиот стан откако го исфрлиле, како и мало стрелиште на таванот. Мажот потоа некое време живеел во својот автомобил па велгол во колиба на работ на шумата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот