Вооружен грабеж во банка во Загреб: Едниот од разбојниците во бегство – Слободен печат
ВестиРегион

Вооружен грабеж во банка во Загреб: Едниот од разбојниците во бегство

Како што потврдила полицијата, а пренесува Индекс, двајцата сторители се заканувале со огнено оружје, а потоа полицаец отворил оган кон нив.

Денеска околу 14.00 часот во банка во  Загреб била ограбена филијала на привредна банка Загреб, а при грабежот имало пукање и бил повреден еден работник од обезбедувањето, информира Индекс.хр.

Полицијата известила дека двајца вооружени разбојници влегле во привредната банка со намера да ја ограбат, но во тоа ги спречил еден полицаец.

Како што потврдила полицијата, а пренесува Индекс, двајцата сторители се заканувале со огнено оружје, а потоа полицаец отворил оган кон нив.

Според овие информации, еден од разбојниците бил повреден, а потоа и приведен, додека другиот бил во бегство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close