ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ: Ограбена филијала на Тутунска банка во Бутел

Фото: Принтскрин

Вооружени лица утрово извршиле разбојништво во НЛБ Тутунска Банка во Бутел, при што е одземена засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат, при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. (26), вработен како обезбедување во банката. Според информациите од МВР при текот на грабежот имало пукање од огнено оружје, но нема ранети. Полицијата веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е расчистување на случајот. Сè уште нема детали за тоа колку пари се украдени од банката.

Во соопштението од НЛБ банка е наведено дека работат заедно со надлежните на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета. Во него е наведено дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.

„Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства,“ истакнуваат во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот