Вообразена НБА ѕвезда не разговара со медиумите: Не зборувам со пиони, моето внимание вреди повеќе

epa07944708 Brooklyn Nets guard Kyrie Irving addresses to the crowd as he walks out during team introductions before the start of the NBA basketball game between the Minnesota Timberwolves and the Brooklyn Nets at Barclays Center in Brooklyn, New York, USA, 23 October 2019. EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Кајри Ирвинг е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, но како личност е далеку од тоа, обвинуваат медиумите во САД.

НБА лигата го казни кошаркарот на Бруклин нетс бидејќи не сакаше да учествува во медиумските активности на својот тим, односно не сакаше да разговара со новинарите.

Откако ја доби казната, Ирвинг прокоментира „Не разговарам со пиони“ и ги налути медиумите во САД.

НБА ги казни Кајри Ирвинг и Бруклин нетс со по 25.000 долари бидејќи ги прекршија правилата на лигата за отвореност кон медиумите. Изминатата недела Ирвинг неколку пати одби да учествува на задолжителните активности на тимот.

Шампионот од 2016 година за кого медиумите во САД обвинуваат дека е подобар играч отколку личност, одговори со порака која ја напиша на својот Инстаграм профил и на вообразен начин и тоа се обиде да го оправда со борбата за социјална правда.

„Се молам да ги искористиме парите од казната за маргинилизираните заедници на кои им е потребна помош, посебно кога ќе се земе во предвид каде е светот сега. Јас сум тука за мир, љубов и големина. Затоа престанете да ме попречувате и мене и мојот тим и ценете ја уметноста. Ние тука поинаку се движиме.
Не разговарам со пиони. Моето внимание вреди повеќе“, напиша меѓу другото Ирвинг откако во првиот дел објави цитат од борецот за човекот права во САД, Малком Х.

Кавгата на Ирвинг со медиумите во САД не е новост, тој и во минатото избегнувал да дава изјави.

Тој не разговара со медиумите од февруари годинава откако го повреди коленото и предвреме ја заврши сезоната.
Кајри Ирвинг беше еден од најгласните НБА играчи кои заговараа дека сезоната треба да се прекине поради летните протести предизвикани од полициската бруталност и расната нееднаквост.

Тогаш Ирвинг беше нападнат од дел од кошаркарите кои заработуваат многу помалку но и од медиумите за дволичност бидејќи тој е повреден и секако нема да игра, а воедно е еден од најдоброплатените играчи во НБА лигата и може да си дозволи да „преживее“ неколку месеци без да земе плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот