Вонредната состојба во Италија ќе продолжи до мај?

Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Вонредната состојба во Италија воведена заради епидемијата на коронавирусот, според се, ќе биде продолжена до почеток на мај, најави денеска началникот на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели, а пренесува Ројтерс.

Италијанската влада оваа недела донесе одлука до 13 април да ја продолжи вонредната состојба во која е ограничена слободата на движење и затворање на сите фирми кои не се битни за снабдување на домаќинствата.

Говорејќи во радио-емисија на националната РАИ, Борели најави можност вонредните мерки да се продолжат до мај и предупреди: „Мораме да бидеме многу ригорозни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот