Вонредната состојба во Италија е продолжена до 15 октомври

epa08571197 Italian prime minister Giuseppe Conte puts on and adjusts a protective face mask at the Senate during a debate on further measures to combat the spread of the COVID-19 disease in Rome, Italy, 28 July 2020. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Џузепе Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври.

Конте претходно побара од Парламентот да ја продолжи вонредната состојба во земјата до крајот на октомври, што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирусот.

Таа одлука важеше шест месеци, а истекува на крајот на јули.

– Вирусот продолжува да се развива и не исчезна. Би било несфатливо нагло да се прекине толку ефикасна мерка, рече Конте во горниот дом на Сенатот.

Сепак, тој се откажа од барањето за продолжување до крајот на годината, велејќи дека сака обновување само до октомври.

Вонредната состојба им дава поголеми овластувања и на регионалните и на централните власти, вклучувајќи и олеснување на министрите да прогласуваат црвени зони ако болеста повторно се појави и да ги зајакнат болничките ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот