Вонредната состојба во Чешка завршува на полноќ – нема веќе полициски час
Вонредната состојба во Чешка и забранетото движење на луѓето надвор од населбите во кои живеат ќе завршат вечерва на полноќ, заедно со укинување на полицискиот час и делумно повторно отворање на училиштата, јавува Чешко радио.
Некои претпријатија , како бутиците исто така ќе можат повторно да се отворат, додека рестораните ќе можат да работат еден час подолго, до 22 часот, пренесува Гардијан.
Утре исто така ќе се отворат и зоолошките и ботаничките градини, а свадбите и погребите ќе можат да се одржат со најмногу 15 пристуни.
Министерот за здравство, Петр Аренбергер во саботата рече за Чешката телевизија дека на утрешниот владин состанок ќе предложи воведување на ограничувања на бројот на луѓе кои ќе можат да се собираат во внатрешни и надворешни простори.
Бројот на нови случаи се намалува и сега дневниот просек е на 4.034 нови инфекции, наведува Ројтерс. Тоа е 30 отсто од рекордот забележан на 28 октомври.
До денеска се регистрирани 1.577.972 заразени во Чешка, додека од последиците на вирусот починаа 27.734 лица.
Извор: Блиц.рс