Вонредна состојба во Солт Лејк Сити, нови протести поради полициска бруталност

Во протестот е повреден еден полицаец, а двајца демонстранти се уапсени. 

Гувернерот на Јута, Гери Херберт, синоќа прогласи вонредна состојба во главниот град на сојузната држава, откако таму избија насилни протести.

Вонредната состојба е воведена поради спречен пристап до државниот Капитол, во време кога властите се обидуваат да издејствуваат промени во политиките на полициската служба за да се „отстрани систематската неправда”, пишува Вашингтон пост.

Протестите се реакција на инцидентот при полициска интервенција на 23 мај годинава и убиството на 22-годишниот Бернардо Паласиос-Корбахел, за што обвинителството вчера оцени дека полицајците постапиле правилно и не покрена обвинение.

Како што соопштуваат локалните медиуми, во одговор на одлуката, стотици демонстранти ги скршиле прозорците и фрлале црвена боја врз зградата на обвинителството.

Во протестот е повреден еден полицаец, а двајца демонстранти се уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот