Вонредна состојба во Сан Франциско поради коронавирусот

Фото: МИА

Засега нема потврдени случаи на коронавирус во Сан Франциско.

Градот Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирусот, откако официјални претставници од Центарот за контрола и превенција на болести предупредија дека неговото ширење во САД е неизбежно.

Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид, прогласи вонредна состојба и истакна дека „глобалната слика“ на коронавирусот „брзо се менува“ и дека градските власти „треба да ја засилат својата подготвеност“ за неговото пристигнување на брегот на Калифорнија.

– Ние гледаме дека вирусот се шири секој ден во различни делови на светот…Ги преземаме потребните чекори за да ги заштитиме граѓаните на Сан Франциско од појава на вирусот – додаде Брид.

Засега нема потврдени случаи на коронавирус во Сан Франциско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот